Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер на 55км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 501 соба во два блока главната зграда и во 9 блока во Апарт Гарден.
Стандардни соби (24 м², во главна зграда и блоковите во градина, една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Стандардни соби со кревети на спрат (24 м², во главна зграда и блоковите во градина, една спална соба со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).
Соби за меден месец (24 м², во блоковите во градина, на најгорниот кат, една спална соба, едно купатило, голема тераса, макс.2 лица).
Фамилијарни соби со кревет на спрат (38 м², во главна зграда, има еден единечен кревет + кревети на спрат во една спална соба, француски кревет во другата соба, едно купатило, макс.3+2 лица).
Фамилијарни соби со поглед на копно (38 м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс.4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, влечки, клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сеф, ламинат или мермерен под, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ultimate сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалоци.
Главен ресторан Caretta за шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, колачи, чај, кафе, вечера и доцна вечерна закуска, детско катче, простор за подготовка на храна за бебиња, диететска и вегетаријанска храна, безглутенски леб и ужинки, детокс бар, сладолед во одредени часови во текот на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À La Carte ресторани (турски и италијански) со претходна резервација и еднаш во текот на престојот.
Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и лименки, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, рибен À la Carte ресторан, вино, шампањ и специјални нарачки во À la Carte ресторани (освен наливно вино).
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, барови и барови за закуски околу хотелскиот комплекс.
Доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, комјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат.
WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, едно тениско игралиште, одбојка на плажа, гимнастика, пинг-понг.
Со доплата: спортови на вода, осветлување на тениски терени и опрема за тенис, СПА центар, масажа, куглање, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Crispy Kids World мини клуб за деца од 4-12 години и тинејџерски клуб од 13 – 17 години со програми во текот на денот и навечер.
Хотелот е реновиран во зима 2022/2023 година.
1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 - Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Included
Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar