BERGIZ HOTELS & RESORTS

Antalya
Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 6 км до центарот на Кемер и 46 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
 
Вкупно 391 соба во главна зграда и во 14 блокови во градина.

Стандардни соби (23 м², се наоѓаат во главната зграда, една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице, некои соби се без балкон).

Големи соби (29 м² во главна зграда, една поголема соба, едно купатило, макс 2+2 лица, некои соби се без балкон).

Соби во градина (18 м² на приземје, 23 м² на прв кат, сместени во блоковите во градина, една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).

Апартмани (38 м², сместени во главната зграда, две спални соби, една дневна соба, едно купатило, макс.4 лица).  

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (со вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), ламинатен под во главната зграда и керамчки под во собите во градина, LED ТВ со сателитски програми и музички канали.

Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни закуски, чај, кафе, колачиња, полноќни закуски.

Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 - 24:00 часот, сладолед во одредени часови во текот на денот, ресторан за закуски и бар на плажа од 10:00 – 16:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

Не се вклучени: сите останати увозни пијалоци, премиум пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, наргиле, сите пијалоци освен чај, кафе и вода се доплаќаат после 24:00 часот.

Содржини
 
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турска кујна, закуска на плажа, бар покрај базен и лоби бар, Диско клуб.

Доктор, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, компјутерски игри и интернет кафе, фризер се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) во лобито е бесплатно.

Плажа
 
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава
 
Надворешни базени за возрасни и деца, тобоган, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, пинг понг, мини фудбал, одбојка на плажа.

Со доплата: спортови на вода, масажа и центар за убавина, осветлување на тениски терен, часови по тенис, билијард и соба за игри.

Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во текот на ноќта. Мини клуб за деца од 4 - 11 години, игралиште и вечерно мини диско.

Хотелот е реновиран во 2020/21 година.

Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)

2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ

Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.

Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ

Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.

» Аеродромски такси.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
 
Included

Swimming pool
Wifi
Airconditioner
Parking
Restourant
Own beach
Spa Centre
Gym
Tv
Terrace
Mini Bar
Search Availability

Experiences

Share Your Experience

Related